Конте во Тотенхем стартуваше со реми, Арсенал продолжува со победи

Лондонските ривали Арсенал и Тотенхем попладнево одиграа неефикасни мечеви во Премиерлигата, но со различен исход.

Арсенал продолжи да победува, а против Вотфорд во победата од 1-0 продолжи и низата голови на младиот Емил Смит Роу, додека Тотенхем не успеа да победи на гости кај Евертон, на дебито на Антонио Конте како менаџер на Петлите. Тотенхем ремизираше 0-0.

Иако Тотнем имаше повеќе од играта, пулените на Конте за час и половина фудбал не упатија ни еден директен удар во голот на Евертон од осумте шута севкупно кон голот, иако имаа низа изгледни шанси во кои реализацијата не беше на ниво кај фудбалерите од Лондон.
Со ова реми, инаку прво сезонава за Тотнем, лондончани со 16 бода се на деветото место, додека Евертон дојде до 15 бода и е во групата со исто бодовно салдо како и Кристал Палас и Лестер, кој одигра 1-1 на гости кај Лидс денеска, позиционирани веднаш зад Тотнем од 10-то до 12-то место.

По лошиот старт на сезоната, Арсенал влезе во одлична серија која трае веќе подолго време, денеска беа подобри од Ватфород. Во првото полувреме на Арсенал му беше поништен гол на Сака поради офсајд, а Обамејанг промаши и пенал.

Сепак по десет минути игра во вториот дел Смит Роу реализираше за водство од 1-0 што беше и конечен резултат.

Смит Роу е само четвртиот фудбалер во историјата на Арсенал, кој имал 21 година или помлад, а дал гол на три премиерлигашки мечеви по ред.
Топчиите долго беа со човек плус на терен, но нема да се жалат што триумфираа само со 1-0. Откако почнаа со историски негативен рекорд од три порази во првите три кола и тоа без постигнат гол, сега Арсенал е во силен налет, и веќе е на само 6 бода зад првопласирсниот Челзи.

Треба да знаете
Последни објави