Клоп: Судиите во две ситуации го оштетија Ливерпул

Ливерпул загуби на гостувањето кај Вест Хем и веќе две кола нема победа во Премиер лигата, а менаџерот Јирген Клоп после првиот пораз сезонава, ги обвини судиите за неуспехот.

Тој после натпреварот рече дека првиот гол на Вест Хем бил од фаул, и дека требало да додели црвен картон на еден играч на домашниот тим поради остар старт.

-Чист фаул на Огбона врз Алисон. Како може да не биде? Рамото на Огбона е таму. Чист црвен картон на Кресвел по стартот над Хендерсон. Без дискусија. Тоа се две ситуации кои влијаеја на резултатот, но Вест Хем не ги носеше одлуките и победија, рече Клоп по мечот.

-Постигнавме израмнувачки гол и потоа целосно го контролиравме натпреварот. Не бевме многу добри во вториот дел, а Вест Хем беше одличен по противнападите, изјави Клоп.

Треба да знаете
Последни објави