Милан и Интер ремизираа 1:1 во големото Дерби Дела Мадонина, вечерва на „Сан Сиро“.
Се што се случи, а беше интересно беше од 11. до 27. минута, кога Хакан Чалханоглу најпрво со гол од пенал му донес епредност на Интер, а потоа Де Фрај со автогол донесе рамнотежа само360 секунди подоцна.
Лаутаро Мартинес можеше да му донесе предност на Интер, но промаши пенал во 27. минута, оносно Татарашану одлично му го одбрани ударот од белата точка.
Пред крајот на првиот дел добри можности имаа Барела и Џеко, но среќата беше на страната на Милан. Токму овие двајца играчи се повредија во вториот дел и Инѕаги мораше да менува. Тоа ја поремети тактиката на „нераѕурите“, па Милан почна да диктира темпо во последните десет минути од мечот. Во 90. минута две прекрасни можности промашија Салемакерс кој погоди статива, а одбиената топка лошо ја шутна Кеси, па ремито на „Сан Сиро“ беше реален исход.
Мечот заврши со мирољубив исход по 3 години, или цели 7 натпревари на кои имаше победник.
Со тоа е прекинатабедна интересна серија во меѓуѕсебните дуели на вечните ривали од Милано, кои ја продолжуваат трката за титулата.
Милан е на второто место со 32 бода, колку што има и лидерот Наполи, а Интер е трет со 25 бода.



