(Видео) Чави промовиран во тренер на Барселона пред 25.000 навивачи

Еден од најдобрите на најтрофејните фудбалери на Барселона се врати на „Камп Ноу“, но како тренер на шпанскиот гигант со кого посакува да ги повтори успесите кои ги постигнуваше кога го носеше дресот во перидот од 1997 до 2015 година. Чави на местото тренер кај Барселона го наследи холандскиот стратег Роналд Куман кој доби отказ поради лошите резултати.

Враќањето на Чави на „Камп Ноу“ беше поздравено од 25.000 навивачи на Барселона кои ги вееја знамињата и го скандираа името на живата легенда на клубот, додека новиот тренер и претседателот на клубот Жоан Лапорта ја запеаја клупската химна.

Чави во ови тешки денови за Барселона ги повика навивачите да бидат со него и играчите.

Играчката кариера Чави ја заврши во 2019 година во Ал Сад по што почна тренерска во клубот од Катар со кого по само две години успешна работа ја прекина соработката за да се врати дома во Барселона со која потпиша догвор до 2024 година.

Треба да знаете
Последни објави