(Видео) Двоецот Дурант и Харден го предводеше Бруклин до триумф во Торонто

Бруклин предводен од Кевин Дурант и Џејмс Харден забележа победа на гостувањето кај Торонто (116:103) во кошпаркарската НБЛ-лига. Дурант и Харден заедно постигнаа половина од поените за Бруклин, кој прокнижи петта победа во низа и сега со скор од седум победи и три порази и се наоѓаат на третата позиција во источната конференција.

Торонто парираше во првит дел од натпреаврот, а на пауза замина и со предност од седум поени 60:53, за да во третата четвртина на сцена да стапат Дурант и Харден и со серија од 22:7 го највија реултаскиот пресврт . Дурант постигна 31 поен и додаде, седум скока, Харден заврши со 28 поени, 10 скока и осум асистенции.

Шпанецот Рики Рубио беше најзаслужен за победата на Кливленд против Њујорк Никси од 109:126. Шпанскиот плејмејкер реализира осум тројки од девет обиди и беше прв стрелец со 37 поени.

Актуелниот шампион Милвоки влезе во криза и го забележа третиот пораз на последните пет натпревари. Загуби на гостувањето кај Вашингтон со 101:94.

НБА резултати: Торонто – Бруклин 103:116,  Њујорк Никси – Кливленд 109:126, Орландо – Јута 107:100, Сакраменто – Индијана 91:94, Вашингтон – Милвоки 101:94, Оклахома – Сан Антонио 99:94, Голден Стејт – Хјустон 120:107, ЛА Клиперс – Шарлот 120:106.

Треба да знаете
Последни објави