Поразот на Манчестер јунајтед во градското дерби од Сити (0:2) во рамките од 11. коло во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција го зголеми незадоволството во соблекувалната на „Олд Тарфорд“. Медиумите на Островот пренесуваат информации дека дел од фудбалерите на „црвените ѓаволи“ се незадоволни од начинот на работа и тренирање од страна на тренерот Оле Гунар Солскјер.
Пред овој пораз, Манчестер јунајтед на својот „Олд Трафорд“ беше прегазен и од Ливерпул (0-5), но ситуацијата беше амортизирана со гостински триумф пртив Тотенхем (0:3) но не за долго. Солскјер кој преживеа на клупата сега се наоѓа во полоша ситуација бидејќи и неговите избраници се свртеа против неговата работа. Според „Дејли Мејл“, еден од најнезадоволните е Бруно Фернандеш, кој смета дека не добива доволно инструкции на теренот од стручниот штаб. Исто така, фудбалерите се на страната на Дони ван де Бек, кој сезонава одигра само 16 минути иако според многумина тој заслужува далеку поголема минутажа. Лут е и Кристијано Роналдо, што се забележува и на теренот, каде што редовно ги искажува своите фрустрации, но фрустриран е и поради неверојатно нискиот ритам на тренинзите.
Според весникот, со губењето на поддршката во солблекувалната, прашање е само на време кога Солскјер ќе добие отказ, а главен фаворит да го наследи е Брендан Роџерс кој прифатил да седне на клупата на Јунајтед.



