(Фото) Северина: „Мое најсигурно прибежиште! Направи човек од мене!“

Северина Вучковиќ на својот инстаграм-профил ѝ посвети емотивна порака на својата мајка Ана Вучковиќ.

– Оваа прегратка ме направи човек, овие раце ми всадија топлина и нежност, храброста во нејзиното срце, безбедноста на нејзината поддршка… достоинството на нејзиниот став. Мама е моето најбезбедно прибежиште – напиша таа покрај фотографијата со мајка си.

Популарната пејачка моментално престојува во родниот Сплит, каде го поминува времето со семејството и пријателите.

Не крие колку е блиска со мајка си Ана, која била со неа во најтешките моменти од животот.

 

– Ова е мојата мајка, кој и да ја сретне, сите ја сакаат – весела, агилна, луцидна, духовита, да не зборуваме… И на нејзини 82 години. Кога не беше дома, куќата за мене беше бездушна. Во најтешките моменти од мојот живот секогаш беше блескаво прецизна – напишала Северина во една прилика.

Треба да знаете
Последни објави