Македонските надежи се подготвуваат да ги изненадат фаворитите Украина и Франција

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година ги почна подготовките за претстојните две меча од квалификацикста група за ЕП, прво со Украина в четврток на трениг-центарот „Петар Милошевски“, а потоа идниот вторник со Франција на Националната Арена. Селекторот Драган Канатларовски – Цапар направи принудни замени  со дополнително повикување на Александар Ѓурковски од Тиквеш и Имран Фетаи од второлигашот Гостивар, откако поради повреда отпадна Славе Маркоски од Охрид.

Македонија со пет бода од досегашните четири кола заостанува четири бода зад втората Украина. Енис Фазлагиќ, фудбалерот за врска од словачка Жилина, кој беше дел и од претходната генерација посочува дека со максимален настап може да се надеваме на победа против Украинците.

-Нѐ чекаат два меча на домашен терен и прво да се сконцентраме на мечот со Украина, која е доста тежок противник, играат квалитетно и тоа го покажаа на претходните мечеви, ги гледавме и направивме анализа, имаат добри индивидуалци и добро играат тимски. На нас е да се подготвиме максимално и да дадеме максимум, а се надевам дека на крај ќе успееме да победиме, вели Фазлагиќ.

„Црвено-жолтите“ надежи досега победија со Ерменија, ремизираа со Србија и Фарските острови, а загубија од фаворитот и лидер во групата Франција.

Треба да знаете
Последни објави