Македонските фудбалски репрезентативци, Ердал Ракип (Малме) и Адис Јаховиќ (Гестепе) кои поради повреди отпаднаа од списокот на селекторот Благоја Милевски на последните два квалифиакциски натпреаври од групата за СП-2022 со Ерменија на 11. ноември во Ереван и со Исланд на 14. ноември во Скопје ќе ги заменат Енур Тотре од редовите на албанскиот лигаш Тирана и Доријан Бабунски од бугарскиот Ботев Враца.
Двајцата добија дополнителни покани пред денешниот страт на подговоките закажан за во 12 часот, во хотел „Хилтон“, со прозивката. Првиот тренинг е попладне од 17 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Фудбалерот на шведски Малме Ракмип има болка во коленото и денешниот извештај од магнетната резонанца ќе потврди колку време отсуствува од терените. Јаховиќ поради повреда излезе во 16. минута на вчерашниот натпреавр за Гезтепе против Конјаспор од турското првенство.



