Чави има план како да „исплива“ со Барселона од резултатската криза

Чави Ернандез беше промовиран во тренер на Барселона пред 25.000 навивачи на шпанскиот гигант на „Камп Ноу“. Пред легендата на Барселона,  Чави, со која како играч освои се, е голем предизвик да го врати клубот на победничките патеки. Барселона се соочува со финансиски и резултаски проблеми. Чави е свесен за ситуацијата во која се наоѓа неговиот клуб, но како вели има план за тоа што треба да се направи и како играчите треба да се постават, однесуваат, ако сакаат и во иднина да бидат дел од овој проект.

-Мислам дека на почетокот е важно да поставиме правила и да бараме повеќе од себеси. После тоа, можеме да зборуваме за вредности, за почит и став, бидејќи ако немаме вредности, немаме тим. Потоа можеме да го погледнеме моделот, како играме, како напаѓаме, како се браниме. На крајот на денот, идејата е иста како онаа на Кројф (Јохан н.з.). Мојот прв дефанзивец е напаѓачот, а мојот прв напаѓач е голманот. Мора да работиме тактички, да притискаме високо и да доминираме со топката, вели Чави.

Повратникот во клубот, кој со тренерската почна во катарскиот Ал Сад, каде и ја заврши играчката кариера, на новата функција во својата Барселона ќе дебитира во гфрадското дерби со еспањол веднаш по репрезентативната пауза.

-Не се работи за тоа да се биде строг, туку да се има правила. Ќе се обидам да им помогнам на играчите, лично и професионално. Знам колку е психолошки напорно да се игра за овој клуб, вели Чави.

Треба да знаете
Последни објави