Милијардерот Џеф Безос на социјалната мрежа Твитер објави статус посветен на Леонард Дикаприо откако на интернет се прошири видео во кое се гледа како девојката на Безос, Лорен Санчез го гледа славниот актер.
„Лео, дојди овде, сакам да ти покажам нешто“, напиша Безос и приложи фотографија на која е фотографиран над табла со која се означува опасност и на неа пишува „Стрмна карпа, Фатален пад“.
Луѓето на Твитер веднаш почнаа да се шегуваат со објавата на Безос. Многумина објавија и различни мемиња, но Дикаприо не одговори.
Leo, come over here, I want to show you something… @LeoDiCaprio https://t.co/Gt2v9JZTNz pic.twitter.com/KqGLB839NI
— Jeff Bezos (@JeffBezos) November 8, 2021
На видеото кое се рашири на интернет, се гледа како Лорен восхитено гледа во Дикаприо, додека Безос изгледа како да сака нешто да каже, но никој не му посветува внимание.
Во 2019 година Безос се разведе од сопругата Мекензи Безос и објави дека е во врска со атрактивната Лорен Санчез. Со развод Безос се збогува и со 35 милијарди долари, што ѝ припаднаа на неговата, сега пранешна, сопруга.



