Мрме меѓу првите кандидати за тренерското место кај Лудогорец и Легија

Најуспешниот македонски фудбалски селектор досега Игор Ангеловски – Мрме, кој со државниот тим обезбеди премиерен настап за „црвено-жолтите“ на завршницата од ЕП изминатово лето, изминатава недела ја загуби трката за клупата на хрватскиот прволигаш Хајдук од Валдас Дамбраускас, па сега може да го преземе бугарскиот тим Лудогорец каде токму Литванецот неодамна доби отказ од тимот од Разград. Популарниот Мрме се споменува како кандидат за тренер и на полскиот тим Легија од Варшава.

По шест години минати во селекторската фотелја Ангеловски од летово е без ангажман. Според бугарските медиуми, Ангеловски е прв кандидат да го преземе Лудогорец. Тимот од Разград кој игра во групната фаза од Лига Европа сега има привремено тренерско решение во Станислав Генчев, додека не се најде нов шеф на стручниот штаб.

Полјаците пишуваат дека името на македонскиот стратег се споменува како опција за нов тренер и на Легија. Тимот од Варшава има лош старт на сезоната, моментно претпоследна е на табелата со шест последователни порази и итно треба некој кој ќе ја врати екипата на победничките патеки додека не биде доцна.

Треба да знаете
Последни објави