Чави Ернандез денеска имаше прв работен ден како шеф на стручниот штаб на Барселона. Најпрво им се обрати на играчите во соблекувалната во друштво на претседателот Жоан Лапорта, а потоа со резервниот тим како и членовите на првата екипа кои немаат репрезентативни обврски одржа тренинг.
На тренингот присуствуваа Пења, Нето, Мингеза, Умтити, Рики Пуиг и Лук Де Јонг, а на разговорот во соблекувалната се појавија и повредените играчи Агуеро, Вајт, Фати, Дембеле, Дест, Пике, Роберто, Педри, Ерик Гарсија и Нико Гонзалес.



