По инцидентот на кошаркарскиот НБА-натпреавр Денвер и Мајами, во кој во главната улога се најдоа српскиот центар Никола Јокиќ и гостинскиот играч Маркиф Морис, на социјалните мрежи се огласи братот на Американецот, Маркус.
Крилниот центар на ЛА Клиперс имаше порака за српскиот кошаркар, кој го турна одзади неговиот брат пред крајот на средбата, по што беше исклучлен.
-Чекаше мојот брат да ти сврти грб. Ќе го запаметам тоа и кога-тогаш ќе ти вратам, напиша меѓу другото едниот од браќата Морис.
Маркус и Маркиф имаат „интересно“ минато и повеќе пати го привлекуваа вниманието на јавноста. Првиот во 2015 година имаше судир со тренерот Џеф Хорначек, кој не сакаше да трејдува, а една година подоцна се степа со соиграчот Арчи Гудвин.



