(Видео) Нова снимка од која се гледа дека и ударот врз Јокиќ е брутален поради што Србинот експлодирал

Инцидент на синоќешната средба помеѓу Денвер и Мајами кога Никола Јокиќ го турна Маркиф Морис кој заврши на подот, поради што српскиот кошаркарски интеранционалец  беше исклучен, е главна тема во светските спортски кругови. Реакции има речиси во целиот свет, а сообено во САД и во Србија, од каде што доаѓаат различни мислења за тоа кој е виновникот за инцидентот.

Американците ја бранат страна на кошаркарот на „жешките“, додека Србите,  на својот интеранционалец кој минатат сезона беше прогласен за МВП во најсилната лига во светот. Медиумите во Србија утринава најдоа и објавија снимка од поинаков агол за инцидентот во кој се гледа зошто Јокиќ збесна и реагира несвојствено за него.

Треба да знаете
Последни објави