Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер иако последните резултати со тимот од „Олд Трафорд“ му се загрижувачки за време на репрезентативната пауза одлучи да ги распушти на одмор играчите кои не се ангажирани во државните селекции, а тој од денеска со неговот семејство е во родната Норвешка. Одморот од фудбалот на „Олд Трафорд“ во наредните седум дена ќе биде за сите во клубот кои немаат репрезентативни обврски.
Солскјер веќе подолго време седи на разнишана клупа, но никако да падне како најавуваат медиумите од Островот. Норвежанецот ги преживеа срамните порази од Ливерпул (0:5) и Манчестер сити (0:2) на Олд Трафорд и се уште добива доверба да го води тимот. Норвежанецот барем уште некое време ќе седи на клупата кај славниот клуб од „Олд Трафорд“.
Новинарот Фабрицио Романо уверува дека Јунајтед не размислува за друга опција освен останување на Солскјер и дека не контактирале со ниту еден друг менаџер, па ни Брендан Роџерс со кого се поврзуваат подолго време.
-Во моментов сме доста далеку од најдобрите тимови. Очекувањата од мене и играчите се големи и мораме да се вратиме во формата во која бевме претходно. Имаме играчи за врвот, изјави неодамна Солскјер, и порача дека не размислува за оставка.
-Не, не размислувам за тоа. Имам добри односи со клубот и тие се многу искрени. Работам за Јунајтед, го сакам најдоброто за клубот и додека сум тука сакам да напредувам, порача Солскјаер.



