Тој својата иднина ја гледа во некој елитен европски клуб. Интерес за Србинот има од многу клубови, но се чини моментално најзагреан за неговите услуги е Арсенал. Според шпекулациите во англиските медиуми, лондонскиот тим е подготвен да плати дури 80 милиони евра обештетување.
Фиорентина не би имала проблем со овој трансфер, но очигледно од таборот на Влаховиќ не се заинтерисирани за Арсенал. Наводно, челниците на „топчиите“ се обидуваат да стапат во контакт со агентот на фудбалерот, Џовани Бранкини, кој ги игнорира нивните повици.
Влаховиќ е интересен и за Јувентус, Борусија Дортмунд, ПСЖ и други европски гиганти. Неговиот договор со „виолетовите“ истекува во јуни 2023 година.
Сезонава продолжува да игра во врвна форма и веќе има осум голови на 11 натпревари во Серија А.



