Борче Христов е нов тренер на Работнички

Македонскиот фудбалски прволигаш, екипата на Работнички, експресно најде замена за доскорешниот тренер Александар Влахо, кој си поднесе оставка по неодамнешниот пораз на домашен терен од Академија Пандев (0-3), откако од клубот денеска информираа дека негфов наследник ќе биде Борче Христов.

Тој потпишал договор со важност до јануари 2023 година, а веќе го одржа и првиот тренинг.

„Благодарност за довербата на раководството на клубот. Работнички е голем предизвик за мене, можам да ветам напорна работа. Тимот поседува голем потенцијал, млади и талентирани фудбалери и ќе се потрудиме да го развиваме во вистинска насока“, истакнува Христов.

Новиот предводник на дебармаалци има време да се запознае со новата средина, со оглед што следува пауза од две недели поради настапите на Македонија во квалификациите за СП 2022.

Треба да знаете
Последни објави