Чешкиот милијардер Даниел Кретински купи 27 отсто од акциите на англискиот фудбалски прволигаш Вест Хем.
Компанијата „Холдинг 1890″, чиј сопственик е Кретински, стана сопственик на речиси една третина од премиерлигашот од Лондон, а Кретински и неговиот колега Павел Хорски се именувани за членови во управниот одбор на клубот.
– Воодушевен сум поради тоа што овој проект конечно е завршен. Страстен сум кога е во прашање фудбалот и исклучително ја ценам и почитуван историјата на Вест Хем, изјави Кретински, кој, воедно, е сопственик и на чешкиот фудбалски гигант Спарта од Прага.



