Македонските надежи со Украина го трасираат патот во битката за баражот од ЕП

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година со пет бода освоени од четири одиграни натпреаври во квалификациската група за ЕП-2023, влегува во финишот со императрив да победува и да се пробива кон втората позиција за учество во баражот за пласман на завршницата. Првата меч-топка избраниците на селекторот Драган Канатларовски – Цапар ја имаат денеска од 13 часот ротив Украина. Со тирумф македонските надежи ќе и се проближат на Украина која по четири кола има девет бода и еден загубен меч убедливо од апсолутниот фаворит во групата Франција, кој во вторник доаѓа на гости во Скопје.

Трите бода од пресемтката со Украина треба да надоместата од кусокот по ремито дома со Србија, односно ремито со Фарските Острови на гости.

Сѐ освен победа за Македонија во денешниот дуел на теренот на СЦ „Петар Милошевски“, ќе значи и збогување од трката за втората позиција во групата, бидејќи потоа доаѓа дуел сом фаворизираната Франција, а до крајот на циклусот остануваат уште две гостувања кај Србија, која има свои математики и реваншот со Украина.

„Мора да дадеме максимум од себе, ништо лесно не не очекува, знаеме дека Украина е тежок ривал, има индивидуален квалитет, тимски играат добро. Домашниот терен и поддршка од публиката, со наш максимален настап, може да нѐ донесе до освојување на бодовите, вели Енис Фазлагиќ.

 

Треба да знаете
Последни објави