(Видео) Лидерите на Западот и Истокот во НБА-лигата без проблеми ги решија домашните задачи

Голден Стејт продолжува со одличните настапи оваа сезона во кошаркарската НБА-лига. Во еден од 13. натпревари кои се одиграа синоќа, лидерот на Западната конференција Голден Стејт без проблеми ја совлада Минесота на домашен терен со 123:100.

Голден Стејт до триумфот го предводеше Ендрју Вгинс со 35 постигнати поени, меѓутоа најефикасниот играч на натпреварот доаѓа од поразениот тим. Едвардс имаше одлична шутерска вечер и натпреаврот го заврши со 48 постигнати поени кои не му помогнаа на тимот на Минесота да го избегне поразот.

И лидерот на Истокот, Чикаго стигна до 11. победа сезонава совладувајќи го Далас со 117:107. Словенецот Лука Дончиќ од редовите на Далас го заврши мечот со 20 поени, 10 асистенции и 8 скокови. Најефикасен кај Чикаго беше Лавин со 23 поени, додека кај Далас, Порзингис со дабл-дабл учинок уфрли 22 поени и запиша 12 скока.

ЛА Лејкерси го пречека тимот на Мајами и успеа да обезбеди важна победа од 120:117 и тоа после едно продолжение. Адебајо со 28 поени беше прв на листата на стрелци, а додаде и 10 скока, додека Монкна спротивната страна беше најзаслужен за победата со 27 поени.

Денвер без казнетиот српски интеранционалец Никола Јокиќ славеа победа против Индијана со 101:98. Јокиќ го пропушти овој натпревар поради казната од еден натпревар која ја заработи за инцидентот со Морис. Домаќините до победата беа предводени од Бартон со 30 поени, додека кај поразените Брогдон уфрли 25 поени.

НБА резултати: Кливленд – Вашингтон 94:97, Орландо – Бруклин 90:123, Бостон – Торонто 104.88, Хјустон – Детроит 104:112, Њујорк – Милвоки 100:112, Чикаго – Далас 117:107, Мемфис – Шарлот 108:118, Њу Орлеанс – Оклахома 100:108, Сан Антонио – Сакраменто 136:117, Денвер – Индијана 101:98, Феникс – Портланд 119:109, Голден Стејт – Минесота 123:110, ЛА Лејкерси – Мајами 120:117 (продолжение).

Треба да знаете
Последни објави