Фудбалските репрезентации на Ерменија и Македонија вечерва (18 ч.) во Ереван ќе играат меѓусебе по 12. пат, во рамките од претпоследното коло од групата Ј во мундијалските квалифиакции од евро-зоната. Натпреаврот е од исклучиво значење за двете селекции бидејќи победникот останува да се надева дека во последните 90 минути може да стаса до второто место во групата и баражот за пласман на завршницата од Светското првенство 2022 во Катар. Засега предноста од еден бод пред Македонија и Ерменија ја има Романија поради што двете селекции кои ќе играат вечерва во Ереван не зависат само од сопствените резултати туку мора да чекаат и кикс на ривалот за баражот.
Македонија нема убави спомени од гостувањата кај Ерменија, бидејќи само еднаш успеала да победи и тоа пред – 16 години. Новата пресметка со Ерменците за Македонија ќе биде рекордна, зашто со ниту една друга селекција немаат одиграно толку мечеви од појавувањето на меѓународната сцена. Досега 11 натпреаври „црвено-жолтите“ имаат одиграно и со Лихтенштајн.
На гостувањата кај Ерменија, се одиграни пет натпреаври. Македонија има гостински скор од една победа, едно реми и три порази, од кои два убедливи. Во последните три гостински соочувања со Ерменија македонската селекција има три порази. И на последниот гостински меч за „црвено-жолтите“ со овој ривал одигран лани во ноември на неутрален терен на Кипар, поради воениот судот меѓу Ерменија и Азербејџан, не е прекината непријатната тредиција.
Македонија прв и последен пат ја победи Ерменија на 4 јуни 2005 година, тогаш под водство на легендарниот Слободан Сантрач со два гола на доскорешниот капитен Горан Пандев, а од тој меч во актуелниот состав на македонската селекција единствен сведок на победата е помошникот на Благоја Милевски, Влатко Грозданоски.
Од оваа победа Македонија во следнава деценија не успеа ни еднаш да стигне до бод, доби две „четвроки“, во 2011 (1-4) и во 2018 (0-4), а последниот пораз како гости е на Кипар со 0-1 во минатиот циклус во Лигата на нации.
Сега пред оваа генерација предводена од новиот стратег Благоја Милевски е шанса да се прекине црната серија на гостувањата, а победата е неопходна за да се задржат теоретските шанси за баражот за СП.



