Новите правила од Чави стапија на сила во Бараселона, а „Камп Ноу“ ќе треба да го напуштат шестмина играчи

За време на официјалната презентација, новиот предводник на каталонскиот фудбалски гигант Барселона, Чави Ернандез, најви дека е подготвен целосно да се жртвува само да му успее проектот кој го има за клубот од „кам Ноу“ во кој ја мина трофјната играчка кариера, а сега се врати во улога на тренер. Легендарниот играч Чави смета дека Барселона, не смее да се задоволи со нешто просечно и дека мора секогаш да игра на победа и на освојување на трофеии.

За да ги оствари своите цели Чави уште на првиот тренинг со Барселона почна да ги реализира своите правила кои играчите мора да ги почитуваат доколку сакаат да останат на „Камп Ноу“.

Првото правило е дека на играчите им се забранува да имаат приватни патувања додека трае сезоната. Таквото правило најмногу се однесува на заменик-капитенот Жерар Пике. Второто правило е дека тренинзите ќе бидат подолги и дека фудбалерите ќе мора заедно да поминуваат повеќе време во тренинг-центарот. Чави сака да го зголеми работниот ден на фудбалерите, да воведе заеднички доручак и да гледа како се хранат. Таков рецепт веќе користеше Пеп Гвардиола кога беше предводник на Барса и кога каталонскиот гигант беше најдобар клуб во светот.

На играчите ќе им бидат забранети приватните тенинзи, а четвртото правило е дека нема никаква расправија околу стилот на игра. Последното правило се однесува на друштвените мрежи, каде фудбалерите ќе мора да бидат максимално внимателни околу коментарите и што постираат.

Шпанскиот медиум „Ел Чирингуито“ откри дека во јануари ќе бидат слободни да си побараат други средина шест играч: Самуел Умтити, Клемент Ленгле, Нето, Филипе Кутињо, Лук де Јонг и Мартин Брајтвајт. За оваа своја одлука Чави веќе го информирал клупскиот претседател, Жоан Лапорта.

Треба да знаете
Последни објави