Членот на бордот на директори на Барселона и кандидатот за претседател Тони Фреиша кој загуби на изборите од актуелниот прв човек на трофејниот тим од „Камп Ноу“, Жоан Лапорта, во шпанските медиуми активираше „бомба“ која ја потресе фудбалската јавност во светот.
Тој порача дека сега е идеален момент Каталонците да се обидат да го донесат на „Камп Ноу“ Кристиано Роналдо !?
-Ако има вистински момент за таква „лудост“ тоа е сега, одговори Фрејша на прашање за Роналдо, а за новиот тренер легендата на Барселона Чави Ернандез вели:
-Чави дојде со овој план за казнување на играчите. Мислам дека се обидува да ги убеди во неговиот план и во неговиот начин на игра. Мислам дека сака тие да уживаат во нивниот фудбал, истакна меѓу другото Тони.



