(Видео) Бразил ја победи Колумбија и го обезбеди настапот во Катар

Петкратниот светски фудбалски првак Бразил со трумфот над Колумбија (1:0) на шест кола пред крјот на мундијалските квалификации стана првата јужноамериканска селекција која  обезбеди настап на Светското првенство во Катар што ќе се одржи 2022 година.

Победничкиот гол „кариоките“  на мечот во Сап Паоло го постигнаа во 72 минута, а беше дело на Лукас Пакета по асистенција на Нејмар.

Пред Бразил настапот  на СП го имаат обезбедено уште европските селекции Данска и Германија, како и Катар кој како домаќин не игра квалификации. За Бразил ова ќе биде 22. настап на мундијалите и тие се единствена селекција која играла на сите завршни турнири.

Во останатите три натпревари од квалификациите во Јужна Америка, Чиле го победи Парагвај со 1:0, а со ист резултат Еквадор славеше против Венецуела, додека Перу со 3:0 ја декласира Боловија.

Треба да знаете
Последни објави