(Видео) На Мајами не му оди во Лос Анџелес

Во најсилната кошаркарска лига во светот – НБА се одиграа три натпреаври на кои предноста на домашниот терен ја искористи само ЛА Клиперс. Во Лос Анџелес не му оди нја Мајами, која најпрво загуби од ЛА Лејкерс, а сега и од Клиперс (112:109).

За Клиперс ова е седма победа, шеста во низа од 11 одиграни натпревари. Мајами има скор од 7 победи и 5 порази со еден натпреавр одигран повеќе. Средбата во Лос Анџелес измина во осцилации во играта на двете екипи. Се слиучуваа резултатски пресцврти за на крајот Клиперс да ја запише победата на своето конто. Мајами го започн мечота фуриозно и водеа во првата четвртина со дури 40:25, меѓутоа Клиперси се вратија, па и направија пресврт.

Адебајон од Мајами беше најефикасен  на натпреаврот со 30 псотигнати поени, а кај Клиперси, Џорџ постигна 27 коша.

Во останатите два натпревари Торото славеше против Филаделфија со 115:109, а Индијана и го нанесе првиот пораза на Јута како домаќин сезонава совладувајќи ја минимално со 111:100.

Треба да знаете
Последни објави