Маса од Италија ќе дели правда на дуелот Македонија – Исланд

Македонија и Исланд ќе играат в недела во Скопје (18 ч.) во рамките од последното коло во мундијалската кавлификациска група Ј. Со победа македонската фудбалска репрезентација ќе го верификува пласманот на втората позиција во групата и ќе си обезбеди настап во разигрувањето за пласман на завршницата од СП-2022 во Катар.

Овој исклучително значајен натпревар за „црвено-жолтите“ УЕФА одлучи да го суди 40-годишниот италијански фудбалски делител на правдата Давиде Маса. Негови помошници ќе бидат Даниеле Биндони и Стефано Аласио, додеча четврти судија ќе биде Симоне Соѕа.

За ВАР ќе биде задолжен Швајцарецот Сандро Шарер, помошник ќе му биде сонародникот Федаји Сан.

Треба да знаете
Последни објави