Исланд и заврши голема работа на фудбалската репрезентација на Македонија со ремито против Романија (0:0) во Букурешт во претпоследното коло од мундијачлската квалифиакциска група Ј за пламсна на завршницата од СП-2022. Сега, Македонија е во улога самата да си ја крои судбината дали ќе го задржи второто место и ќе се најде во разигрувањето за СП-2022, токму против Исланд в недела во Скопје (18 ч).
Македонија е фаворит на хартија, но не и на теренот, бидејќи во првата пресметка во Рејкјавик добро се „изгоре“. Виодеше со 2:0 но на крајот натпреаврот заврши 2:2.
-Натпреварот со Романија беше тесен и ние имавме свои шанси. Знам колку им беше важен овој натпревар и се надеваа на победа. Некој пред натпреварот ме праша дали би бил задоволен со 0:0, мојот одговор беше да. Се надевам ќе играме добро и со Македонија затоа што Романците беа навистина пријателски расположени и сакаме да им помогнеме. Ако извлечеме позитивен резултат во Скопје се враќам тука да ми купите пиво, порача селекторот на Исланд, Арнар Видарсон по мечот со Романија.



