Петкратниот светски фудбалски првак Бразил со трумфот над Колумбија (1:0) на шест кола пред крјот на мундијалските квалификации стана првата јужноамериканска селекција која обезбеди настап на Светското првенство во Катар што ќе се одржи 2022 година.
Победничкиот гол „кариоките“ на мечот во Сап Паоло го постигнаа во 72 минута, а беше дело на Лукас Пакета по асистенција на Нејмар.
But de @Ligue1UberEats ⚽️@marquinhos_m5 , @neymarjr & @LucasPaqueta97 ???????????????? pic.twitter.com/FiSenlh7uQ
— Alex Bernardo (@alexbernardo_) November 12, 2021
Пред Бразил настапот на СП го имаат обезбедено уште европските селекции Данска и Германија, како и Катар кој како домаќин не игра квалификации. За Бразил ова ќе биде 22. настап на мундијалите и тие се единствена селекција која играла на сите завршни турнири.
Во останатите три натпревари од квалификациите во Јужна Америка, Чиле го победи Парагвај со 1:0, а со ист резултат Еквадор славеше против Венецуела, додека Перу со 3:0 ја декласира Боловија.



