Италија промаши пенал за директен пласман во Катар, хет-трик на Кејн против Албанија

Дербито на „Олимпико“ во Рим меѓу Италија и Швајцарија заврши нерешено 1:1 и ја одложи промоцијата на една од двете репрезентации како учесник на Мундијалот во Катар.

Видмер и донесе предност на Швајцарија со гол во 11. минута, а израмни Ди Лоренцо во 36. минута за драматична трка за првото место Ц групата што гарантира учество на Светското првнство во Катар. Жоржињо во финишот промаши пенал, што му е втора утка против Швајцарија од белата точка. Тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.

На едно коло до крајот на квалификациите и двете селекции имаат по 15 бода, а може да одлучува и гол-разликата. Моментно Италија е прва и има гол-разлика од 13:2 и гостување во Белфаст кај Северна Ирска во последното коло. Швајцарија е втора со гол-разлика 11:2 и дома ја чека Бугарија за три дена.

Англија ја торпедира Албанија со 5:0 со голови во првото полувреме и речиси сигурно ќе игра во Катар. Хари Кејн постигна хет-трик во првото полувреме, а последниот гол му беше велемајсторски. Стрелци беа и Мегваер и Хендерсон, а на Англичаните им треба само реми против Сан Марино за да настапат на Мундијалот во Катар. Нивната победа и триумфот во Андора со 4:1 им донесе на Полјаците сигурно учество во баражите за настап на СП во Катар.

Вечерва и Данска конечно прими гол, дури во претпоследното коло, а го постигнаа фудбалерите на Фарските острови, во поразот со 3:1 во Копенхаген.

Шкотска стигна до 2:0 победа на гости кај аутсајдерот Молдавија, за да го обезбеди второто место во групата Ф во квалификациите за СП во Катар 2022 и пласман во баражот, зголемувајќи ги надежите за прв пласман на Мундијалот од 1998 година.

Со победата Шкотска стигна до 20 поени, зад недостижната Данска, но 7 поени пред Израел и 10 пред Австрија, нивните главни конкуренти за второто место.

 Италија – Швајцарија 1:1, Англија – Албанија 5:0, Андора – Полска 1:4, Данска – Фарски острови 3:1, Унгарија – Сан Марино 4:0, Австрија – Израел 4:2, Северна Ирска – Литванија 1:0, Молдавија – Шкотска 0:2. 

Треба да знаете
Последни објави