Македонија преку Исланд во бараж-групите за пласман на СП во Катар

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација по синоќешната „петка“ за настапот во Еревана против Ерменија (0:5) и ремиот на Романија со Исланд (0:0) за освојувањето на второто место во групата Ј  од мундијалските кавлификации во евро зоната ќе одлучува сама. В недела во Скопје го пречекува Исланд, должниукот од првиот натпреавр кој им ги замрси работите откако успеа да анулира негатива од два гола (2:2).

Со триумф Македонија продолжува да испишува историски постигнувања, како вторпласирана во групата ќе игра бараж мечеви за прв настап на завршница од СП, откако летово беше дебитант на ЕП. Новокомпонираната селекција, предводена од нов стратег Благоја Милевски со прикажаната игра заслужува да биде меѓу најдобрите во светот, но овојпат патот до мундијалот е многу посложен отколку играњето само еден бараж натпреавр како што беше досега.

Комплетирањето на списокот со патниците од Европа кои ќе играат на СП во Катар кое за првпат ќе се игра пред крајот на годината наместо во летниот период (од 14 ноември до 26 декември) ќе биде преку формирање на нови бараж групи од второпласираните селекции од сите квалифиакциски групи и две екипи победнички од последното издание на Лигата на нации.

За да се мине оваа бараж-препрека треба да се совладаат две селекции, нешто слично како во разигрувањето за настап на ЕП-2020, но тогаш ривалите беа од групите во Лигата на нации – со Косвоо во полуфиналето и со Грузија во финалето.

Овојпат противниците ќе бидат со многу повисок рејтинг. Репрезентациите кои ќе завршат како втори во своите квалификациски групи или, пак, победиле во групите од последното издание на Лига на нации. Во овој бараж-турнир ќе учествуваат 12-те второпласирани селекции од овие квалификации како и две екипи победнички во своите групи од Лигата на нации.

Второпласираните селекции во квалифиакциските групи на едно коло пред крајот веќе се наѕират, а некои и го имаат обезбедено тоа место пред да ги одиграат последните 90 минути, како Шкотска и Полска, а извесно е дека од Лигата на нации ќе бидат претставници Австрија и Велс. Преостанатите осум второпласирани тима се: Србија (Португалија), Шведска, Хрватска (Русија), Швајцарија, Чешка, Норвешка, Македонија (Романија) и Украина.

На ждрепката закажана за 26 ноември, 12 репрезентации ќе бидат поделени во два барабани носители и неносители. Поделбата ќе биде врз основа на успешноста во квалификациите, па веќе е сигурно дека Македонија би била меѓу неносителите и ќе добие противник од групата на најдобрите шест второпласирани.

Ќе бидат формирани три групи, со по четири репрезентации, кои ќе играат по прицнипот полуфинале-финале, како во баражот за ЕП 2020. Тоа значи дека победниците од полуфиналните мечеви ќе играат со победниците од друга двојка, одредена со ждрепката. Како неносител, Македонија ќе биде гостин во полуфиналето, а во случај да се пласира во финалето, ждрепка ќе одреди кои ќе биде домаќинот.

Од 12-те екипи учеснички во баражот ќе се формираат три групи со по четири репрезентации, па по овој пат на елиминации ќе бидат одредени трите победници, кои обезбедуваат пласман на СП.

Бараж натпреварите треба да се одиграат на 24/25 и 28/29 март 2022 година.

Треба да знаете
Последни објави