Организаторот на летот во кој загина аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала неодамна беше прогласен за виновник за несреќата, а сега му е одредена и казна затвор.
Дејвид Хендерсон ќе одлежи казна затвор од 18 месеци. Тој е обвинет заота што во организацијата на летото не се испочитувани сигурностите мерки и протоколи. На летото покрај Сала загина и пилотот.
Мартин Гуди кој го водеше случајот при изрекување на пресудата посочи дека Хендерсон во целата ситуација се однесувал неодговорно и го ставил личниот профит и интерес пред безбедноста на патниците.

Хендерсон го организираше летот од Кардиф до Нант и назад со кој Сала се збогува со своите доскорешни соиграчи после трансферот вреден 15 милиони евра на Островот, па на враќање авионот се урна во каналот Ла Манш во јануари 2019 година и загинаа Сала и пилотот Дејвид Иботсон, чие тело не е пронајдено, за разлика од тоа на аргентинскиот фудбалер после две ипол неделна приватна потрага
Хендерсон бил тој што требало да го вози „пајперот“ со Сала, но во тој момент бил во Париз на одмор со сопругата и го ангажирал Иботсон, но овој немал дозвола за комерцијални и ноќни летови.
Инаку на почетокот на годината од одделот за авионски несреќи објавија дека уривањето на авионот со Сала е поради тоа што Иботсон изгубил контрола над леталото после маневар изведен со (пре)голема брзина, а според истражителите можно е дека на тоа „најверојатно“ влијаел и јагледот моноксидот од издувниот систем на моторот.




