Летното засилување на Барселона, Аргентинецот Серхио Агуеро најверојатно ќе мора да стави крај на кариерата поради проблемите со срцето. Лекарите утврдиле дека неговите проблеми се посериозни и веќе го известиле дека постои реална опасност да не може да се врати на терените, пренесуваат каталонските медиуми.
На 33-годишниот Агуеро му беше дијагностицирана аритмија и беше објавено дека во следните три месеци тој сигурно нема да игра, а во зависност од темпото на неговото лекување ќе биде одлучено колку долго ќе трае неговото закрепнување.
Барселона ги чека резултатите од сите лекарските тестови, по што ќе се произнесе по новонастанатат ситуација со гол-играчот кој го ангажираше од редовите на Манчестер сити.



