Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџјан Алиоски по враќањето од Ереван каде ја демолираа Ерменија (5:0), а во пресрет на неделниот последен решавачки меч против Исланд во Скопје (18 ч.) за пласман на второто место во квалифиакциската група Ј и пласманот во баражот за настап на завршницата од СП-2022 посакува оваа генрација да испише нова старница во македонската фудбалска историја. Македонија летово играше премиерно на завршницата од ЕП, а сега самата си ја крои судбината дали ќе има нов предизвик во разигрувањето за учество на СП.
-Среќни сме и во животот нема ништо случајно. Сета оваа наша работа го покажува сиот наш квалитет и тоа се гледа, од Македонија до 21 година и што направи таа, па ние игравме Европско првенство, а сега сите повторно сме тука за нова историја. Јас сум оптимист и одиме да го победиме Исланд. Дури и да не победиме, ние сето ова што го направивме и сите овие резултати, се скор најдобар во историја. Но, сигурен сум дека со Исланд ќе дадеме сѐ и ова што го направивме со Ерменија да го повториме. Сакаме нова историја“, вели Алиоски.
Македонските фудбалери во недела од 18 часот ја имаат новата шанса на генерацијата која треба да се искористи, а мотивацијата сега кулминира.
-Во фудбалот нема фаворит и како поеднинец не може да кажеш може, туку како тим. Ние сите одиме да победиме, треба да влеземе со таква мисла, да мислиме сите на тимот. Сега играме за победа и историја и сега сите имаме голема мотивација. Нормално е дека одиме на победа, додава Алиоски



