Нова мешаница на паркетот во најсилната кошаркарска НБА-лига имаше на дуелот Јута – Индијана (100:111). Нешто слично како на дуелот Денвер и Мајами, кога Никола Јокиќ и Маркиф Морис се кошкаа, така и Руди Гобер од Јута и Мајлс Тарнер од Индијана завршија во жестока прегратка на четири минути пред крајот на мечот.
Гобер беше изблокиран од Тарнер, а Французинот кој загуби рамнотежа и падна на паркетот со себе го повлече противникот за гаќичките. Налутениот Тарнер тргна да го удри Гобер со бодичек, по што двајцата се најдоа во клинч. Во расчистувањето на мешаницата веднаш дотрчаа соиграчите од двата тима па покрај овие двајца предвреме во соблекувалната беа испратени уште двајца играчи од домаќинот Јута, Донован Мичел и Џо Инглс.
Јута го доигра мечот без трите ѕвезди и за првпат сезонава загуби на домашен терен.



