Милевски: Сами одлучуваме, со ладни глави и жешки срца одиме на победа

Македонија утре го игра завршниот меч од квалификациите за Светското првенство, а наш ривал е селекцијата на Исланд која од 18 часот ќе ја дочекаме на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Со триумфот над Ерменија и киксот над Романија ние дојдовме во второто место во групата што води во баражот што значи дека ако утре ги совладаме „рибарите“ тогаш сигурно ќе продолжи сонот дека можеме да играме на најголемиот репрезентативен собир кој е закажан за наредната година во Катар.

Фудбалерите ќе ја имаат поддршката од навивачите, притисок ќе има, но според селекторот Благоја Милевски момците ќе бидат подготвени да одговорат на предизвикот.

-Не може да се каже дека за нас Исланд е најтежок натпревар, се работи за меч кој е последен и одлучува околу исполнување на нашите цели. Ама ние се подготвуваме како за сите претходни натпревари, исто и тие беа важни. Сега сме пред финална можност за пласман во баражот и тоа не ни носи притисок, туку дополнително не мотивира, -вели Милевски и додава:

-Се доведовме во позиција сами да одлучуваме, среќни сме поради тоа. Полниот стадион ќе ни биде инспирација плус, нема да бидепритисок. Со ладни глави и жешки срца одиме на победа. Ерменија е зад нас, ова е нов предизвик. Знаеме се за противникот, подготвени сме за тоа што не очекува. Знам дека знаат да се случат грешки на вакви мечеви, но верувам дека нема да има и ќе дојдеме до целта, -заврши нашиот селектор.

Треба да знаете
Последни објави