Српското дерби во НБА лигата им припадна на Денвер Нагетс кои ги совладаа Атланта Хокс со 105:96, а Никола Јокиќ оствари трипл-дабл со 22 поени, 19 скока и 10 асистенции.
Тоа беше 59. меч во најсилната лига на светот на кој српскиот ас оствари двоцифрен учинок во три категории, со што се израмни на осмото место на листата на сите времиња со Лери Бирд. За тоа постигнување на легендата на Бостон и беа потребни 897 натпревари, а на Јокиќ само 464.
Сега Џејмс Харден е пред Јокиќ со 61 трипл-дабл, а потоа уште еден легендарен играч Вилт Чембрлен со 78 …
Јокиќ не беше најефикасен на мечот, ниту во редовите на Денвер. Јанг постигна 30 поени, со девет асистенции, додека Колинс имаше 26 поени и девет скока. Кај Денвер најефикасен беше Арон Гордон со 23 поени. Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ за нешто помалку од половина час игра постигна 10 поени, со два скока и три асистенции.
Нов трипл-дабл го забележа и репрезентативецот на Словенија, Лука Дончиќ, кој во победата на Далас против Сан Антонио имаше учинок од 32 поени, 12 скока и 15 асистенции (123:109). Конечно вистинското лице втор меч по ред го покажа и Кристапс Порзингис кој средбата ја заврши со 32 поени.
За Дончиќ ова е 18-ти меч на кој стигнал до „трипл-дабл“ со 30 поени, со што ги надмина Џордан, Меџик и Лари Бирд. Интересно, тие имаа по 17 или 16 такви мечеви и тоа достигнувајќи го тоа длабоко во четвртата деценија од своите животи при крајот на кошаркарските кариера. А, Дончиќ до тоа стигна со само 22 години. Пред него сега во ова достигнување се Чемберлен, Харден, Леброн Џејмс, Вестбрук и Робертсон.
Голден Стејт не знае за пораз. Синоќа Вориорс ги „преслушаа“ и Чикаго Булс совладувајќи ги со убедливи 119:93. Стеф Кари постига 40 поени во новата 11-та победа за Вориорс, додека Вигинс му „асистираше“ со 15 поени.



