Норвешка одигра без голови на свој терен против Летонија, па Турција со победа над Гибралтар изби на втората позиција.
Норвешка важеше за огромен фаворит против Летонија, па Турција се надеваше на чудо за да избие на второто место, тоа чудо и се случи.
Норвежаните доминираа на теренот, но не успеаа да дадат гол, натпреварот заврши 0-0.
Турција со 6-0 го победи Гибралтар и сега има ист број на бодови со Норвешка, но подобра гол разлика поради која е на второто место.
Во оваа група вечерва Холандија гостува кај Црна Гора и со победа ќе го завери првото место и пласманот на СП.
Во последното коло Турција гостува кај Црна Гора, а Норвешка кај Холандија.



