Франција му даде осум гола на Казахстан, Холандија пропушти шанса да се пласира на СП (ВИДЕО)

Франција немаше милост вечерва за Казахстан, па ја наполни мрежата на гостите со осум голови (8-0), додека Холандија не искористи можност да обезбеди пласман на Светското првенство (СП) во Катар, откако одигра 2-2 на гостувањето кај Црна Гора.

Килијан Мбапе имаше неверојатна ноќ за Франција и постигна дури четири гола. Неговото шоу почна по само шест минути (1-0), а до крајот на првиот дел постигна уште два гола за водство од 3-0 на домаќините.

Потоа на сцена настапи Карим Бензема, кој даде два гола за четири минути (5-0), по што во листата на стрелци се запишаа Адриен Рабио и Антоан Гризман, а триумфот го комплетираше Мбапе со неговиот четврти гол.

Холандија има за што да жали вечерва бидејќи имаше водство од 2-0 со головите на Мемфис Депај во Подгорица, но во завршницата од мечот Вукотиќ и Вујновиќ стрелаа за 2-2.

Депај и неговите колеги од репрезентацијата пропуштија можност со триумф да обезбедат директен пласман на СП, па сега ќе мора да се мачат во последното квалификациско коло.

Репрезентативците на Холандија имаа 20 бода на првото место, по што следат Турција и Норвешка со по 18 и сите се во игра за директен пласман на СП.

На останатите натпревари Белгија ја совлада Естонија со 3-1, додека Велс ја здроби Белорусија со 5-1.

Треба да знаете
Последни објави