Хамилтон има казна и од пет места поради промената на моторот, па очигледно ова е од голема помош за Макс Ферстапен од Ред Бул, кој би можел дополнително да ја зголеми предноста по трката в недела, која се вози од 18 часот.
Ферстапен претходно беше казнет со 50.000 евра бидејќи вчера по завршување на квалификациите за спринт-трката во Бразил го допре болидот на Хамилтон.



