Голден Стејт Вориорс запиша нова победа на домашен терен и тоа на убедлив начин против незгодниот Чикаго Булс.
Прво име во редовите на „воините“ беше Стеф Кари. Одличниот шутер постигна 40 поени и сруши апсолутен рекорд во НБА лигата. Сега 33-годишникот стои на бројката од 3.366 тројки во регуларниот дел од сезоната и плеј-офот. Тоа е доволно за прво место на вечната листа, со осум повеќе од досегашниот рекордер Реј Ален.

За Кари останува да го надмине и бројот на тројки на Ален само во регуларниот дел од сезоната. Поранешниот тројкаш на Мајами, Бостон и Милвоки запиша 2.973, а членот на Голден Стејт засега има 2.896 тројки во својата кариера.
With this three, Steph Curry passed Ray Allen for the most three pointers made all-time (including playoffs) ???? pic.twitter.com/SXMLCKcmfL
— ESPN (@espn) November 13, 2021



