Децата од серијата „Дајте Музика“ годинава ќе ја претставуваат Македонија на детската Евровизија.
Песната во која се пее за заштита на планетата Земја и против загадувањето на воздухот се вика „Green forces“, а ја изведуват Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“.
Годинава, 19. издание на Јуниорскиот „Евросонг“ ќе се одржи на 19-ти декември во Париз.
Директен пренос ќе има на програмите на Македонската радио телевизија.