Србија со гол на Александар Митровиќ во 90-та минута, ја шокираше Португалија среде Лисабон, па Србите ќе играат на Мундијалот, а Португалците ќе мора да се мачат преку бараж да обезбедат место во Катар.
Натпреварот добро започна за домашната селекција, во осмата минута Ренато Санчез и донесе водство на Португалија, но радоста траеше само до 33. минута кога Душан Тадиќ го израмни резултатот.
Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, на стартот од второто полувреме го направи клучниот потег, во игра го внесе Александар Митровиќ на местото на Гудељ. Токму напаѓачот на Фулам во 90 минута го постигна голот кој ја однесе Србија на Мундијалот во Катар, додека Португалија ќе мора да игра во баражот.
Да потсетиме, пред натпреварот претседателот на Србија, Александаар Вучиќ им вети на фудбалерите премија од милион евра ако ја победат Португалија.
Португалија е еден од можните противници на Македонија во првото коло од баражот, исто како и Русија која денеска загуби од Хрватска, и Шведска, која беше поразена со 0-1 од Шпанија.
Мората ја донесе тешката победа за Црвената фурија, по која Шпанците сепак директно одат во Катар.
SCENES! ????
Aleksandar Mitrović scored an injury-time winner as Serbia leapfrogged Portugal to seal their place at the 2022 World Cup! ???????????? pic.twitter.com/EOod5NCYAR
— Sky Sports News (@SkySportsNews) November 14, 2021