Македонија го совлада Исланд со 3:1 и си обезбеди пласман во баражот за СП во Катар, а еден од хероите е Езџјан Алиоски. Популарниот Џани го отвори резултатот со голот во шестата минута и ја најави победата.
Тој по натпреварот изјави дека не е случајно тоа штто се случува со репрезентацијата.
-Одиме чекор по чекор. Во репрезентација многу се смени генерално, од стручен штаб, претседател, надвор од тимот и други што работат и се гледа. Не е само ние да играме надвор, и тоа да биде успех. Силата е во заедништвото. Тоа е нешто што недостасуваше пред 6-7 години. Сега мислам дека тука сме кај што треба да бидеме, и секогаш можеме да бидеме подобро, но далеку е Катар, затоа што во баражот ќе ни биде тешко. Но, треба да веруваме во нашиот тим, во нашиот квалитет. Сега ни треба поддршка, да биде публиката позади нас – изјави Алиоски кој додаде дека на неговиот гол се радуваа и навивачите на Лидс.