Македонската фудбалска репрезентација вечерва испиша нова историја и се пласираше во еден бараж за Светското првенство, достигнување со кое само ја надополнуваме незаборавната 2021-ва година во која го имавме премиерниот настап на едно Европско првенство.
Со победата од 3:1 над Исланд, Македонија го осигура второто место во групата и си обезбеди учество на бараж завршницата која ќе ја гледаме во март наредната година, а од која ќе бидат дел и избраниците на Благоја Милевски.
Фудбалската Федерација објави прво видео од соблекувалната на „Тодор Проески“, од каде ечеа стиховите на познатата песна „Земјо македонска“.