ЕП во шах: Двоен пораз на македонските селекции

Двоен пораз претрпеа македонските селекции на вториот ден од 23. Европско екипно првенство во шах, откако мажите загубија од Шведска со 3-1, додека шахистките беа поразени од Италија со 2.5-1.5.

Во пресметката против Шведска, на првата табла Панчевски ремизираше со Персон Тигер, додека Михов дебитираше со реми против Јунг Мин, а противникот дојде до победа на третата и четвртата табла на кои Бломквист беше поуспешен од Николовски, а Јохансон над Ристески.

Во минималниот пораз од Италија, единствената победа за македонскиот женски состав ја донесе Манова со триумфот над Мовлеану.

По двете водени кола, македонските шахисти се на 37, одека шахистките на 23 место.

Треба да знаете
Последни објави