Крај на една ера: Валентино Роси го извозе последниот круг

Валентино Роси ја извозе својата последна трка во пребогатата Мото ГП кариера.

Најдобриот и најпознатиот мотоциклист на сите времиња одлучи дека е време за пензија, а денеска во Валенсија за последен пат возеше мотор во кралската класа. Тој заврши на 10. позиција, но, тоа и не е важно.

Во преден план секако се деветте титули, со што е ставен крај на фантастичната кариера на Италијанецот. Популарниот „доктор“ кој во целата своја кариера го носеше бројот 46, а денеска беше во центарот на вниманието, па дури и во моментите кога титулата му се доделуваше на Фабио Квартераро, кој беше најдобар сезонава.

Во Валенсија, пак, на првото место заврши Франческо Бањана, но, тој остана втор во генералниот пласман.

Погледнете дел од атмосферата на трката, каде што воедно и присуствуваа и голем број на познати личности.

Треба да знаете
Последни објави