Македонската фудбалска репрезентација ќе игра во баражот за СП 2022, откако вечерва го совлада Исланд (3-1) во клучниот меч за обезбедување на второто место во групата.
Ова, секако, донесе еуфорија кај целата нација и нормално, кај самите актери на теренот.
„Оваа капитенска лента што ја носев, ја носеше Горан Пандев со Холандија на ЕВРО 2020 и ете ја земав и ни донесе среќа. Пред мечот ми се вратија сцените од Грузија. Драго ми е што повторно ја израдувавме Македонија“, изјави Стефан Ристовски.
Баражот за следниот Мундијал ќе се игра во три групи со по четири репрезентација, што теоретски значи дека ќе треба да оствариме уште две победи за да дојдеме во ситуација да се бориме со најдобрите на светот.