Русија со автогол ја испрати Хрватска на Мундијалот во Катар

Хрватска славеше на Пољуд во „Сплит“ против Русија минимално со 1:0, но и тоа беше доволно за Коцкестите да скокнат на чело на табелата и да завршат како први во групата.

Со оваа победа Хрватите си обезбедија место на Светското првенство во Катар, а Русија ќе игра во баражот.

За „коцкестите“ само победата беше опција на натпреварот кој се играше во Сплит. Пред 30.000 гледачи, но и под силен дожд Хрватите доминираа на теренот, имаа иницијатива и шанси како таа на Пашалиќ кога не погоди од пет метри, а Русите ниту еднаш не упатија шут кон голот на домаќинот. Сепак,  единствениот гол го постигна рускиот репрезентативец Федор Кудријашов во 79 минута кој неспретно реагираше и го совлада сопствениот голман.

Во останатите два натпревари од групата Х, Словенија го совлада Кипар со 2:1 и тоа благодарение на головите на Зајц во 46 и Гнезда во 84 минута, додека Какулис погоди за гостинската репрезентација.
Словачка како убедливи 0:6 ја победи Малта и на крајот заврши на третото место на табелата.

 

Треба да знаете
Последни објави