Успехот на фудбалската репрезентација на Македонија и пласманот во баражот за пласман на Светското првенство во Катар, го израдува и довчерашниот капитен на националниот тим, Горан Пандев.
Пандев по завршување на Евро 2020 се повлече од репрезентацијата, но ги бодри своите поранешни соиграчи на секој натпревар, па поддршката како и водушевувањето не изостана ниту вечерва по големата победа над Исланд од 3:1.
Секоја чест, ХЕРОИ!“, напиша Пандев на социјалните мрежи.